top of page

Без јајца, печење и користење миксер: Рецепт за чоколадна торта

  • rubinirubin
  • Dec 13, 2022
  • 1 min read

Овој рецепт за чоколадна торта со богат фил очигледно ќе ви послужи затоа што е брз и едноставно се подготвува.

Чоколадна торта без печење и со кремаст фил за многумина е омилениот десерт и одличен избор за домаќинките кога немаат многу време да подготват десерт кој се пече и долго се прави.

Уште подобро е тоа што филот се подготвува веднаш, а за истиот не ви е потребен ниту миксер.

Кората од тортата се подготвува од бисквити (исто како за чизкејк), така што ова ќе биде вистински избор за оние кои сакаат комбинација на бисквити и чоколадо.

Состојки:

– 200 грама мелени бисквити;– 200 грама чоколадо;– 700 милилитри млеко;– 80 грама путер;– 60 грама брашно;– 30 грама шеќер;– 7 грама желатин;– ќесичка екстракт од ванила.

Подготовка:

Бисквитите и стопениот путер соединете ги во компактна смеса, па распоредете ја како кора во калап (24 центиметри). Претходниот калап обложете го со хартија за печење.

За филот:

Помешајте ги во тенџере брашното, шеќерот и желатинот, а потоа додадете млеко, па ванила. Сето тоа добро измешајте го и додадете го чоколадото кое сте го искршиле на коцки.

Загревајте ја смесата на умерен оган со постојано мешање додека не сте стопи чоколадото и сè не се соедини. Филот ставете го над кората.

Оставете ја тортата во фрижидер 3 часа, потоа изрендајте чоколадо над неа.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page