top of page

Посни крофни во рерна

  • rubinirubin
  • Mar 18
  • 1 min read

Крофните се незаменлив деликатес, особено популарни во зимските денови. Невозможно е да им се одолее, а изборот со што може да ги наполните е разновиден. Рецептот за крофни е сличен кај сите што ги подготвуваат, а овој подолу е посебен.

Како што почна постот, избравме посен рецепт за крофни со додавање кисела вода. Сигурно е дека ќе ви се допадне.


Состојки:

500 гр. брашно1 ќесичка сув квасец150 мл. млака вода200 мл. кисела вода3 лажици зејтин2 лажици кафеав шеќер1 ванилин шеќер

Подготовка:

Во млаката вода се додаваат квасецот, шеќерот и една лажица брашно, се меша и се остава квасецот да се активира околу 10 минути. После тоа, додадете масло, кисела вода и ванилин шеќер. Добро измешајте, па додадете го преостанатото брашно. Замесете тесто и оставете го настрана на топло место додека да нарасне.


Кога ќе видите дека тестото нарасна, наросете ја работната површина со брашно и со сукало развлечете го тестото. Крофните обликувајте ги со калап или чаша и извадете ги од калапот.

Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги да нараснат уште 15 минути. Премачкајте ги со масло.


Добро загрејте ја рерната, потоа печете на 180 степени околу 25 минути. Готови се кога ќе добијат златно кафена боја.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page