top of page

Црната страна на белото чоколадо: Еве зошто не треба да им го давате на децата

  • Jul 9, 2021
  • 1 min read

Белата чоколада која децата ја обожуваат, всушност е мешавина од масти и хемиски ароми. Нутриционистите предупредуваат дека овој производ неоправдано го носи името “чоколада“ бидејќи не ја содржи главната компонента – какао.

Како што тврдат експертите за исхрана, произведителите на бела чоколада наместо какао путер користат други растителни масти, па затоа белата чоколада не може да послужи ни како најлоша замена за чоколадата.

Белата чоколада е сладок отров кој нема апсолутно никаква хранлива вредност, а само калории. За разлика од нормалната чоколада во белата нема теобромин кој се добива од какаото, а делува стимулативно на организмот ако се конзумира во умерени количини.

Експертите предупредуваат дека белата чоколада многу потешко се вари од црната и дека овој сладок грев е преполн со вештачки ароми, емулгатори и нездрава замена за какао путер (32 грама во 100 грама производ).

Најголемиот проблем со овој десерт е што никогаш не сте сигурни што јадете. Многу хемија и нула хранлива вредност!

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page