top of page

Украсете ја трпезата со оваа вкусна и колоритна гнездо- салата

  • rubinirubin
  • Jan 13, 2020
  • 1 min read


ree


Украсете ја велигденската трпеза со оваа вкусна и колоритна гнездо- салата… Потребно е: 200 г сварено пилешко бело месо 200 г шампињони 1 главица кромид 2 варени јајца 2 кисели краставички 100 г мајонез 100 г кашкавал 1 китка магдонос 3 јајца од потполошка 1 чаша (од 180 мл) кисела павлака сол, по вкус малку масло 2 кесички чипс-стапчиња Подготовка: – Исечкајте ги кромидот и печурките и кратко испржете ги на малку масло. – Сварете го пилешкото месо во солена вода, оставете го да се излади и потоа ситно исечкајте го. – Во еден сад ставете ги сечканото пилешко месо, мајонезот, ситно сечканите краставички, изренданите варени јајца, изренданиот кашкавал и ситно сечканиот магдонос. Посолете по вкус. Убаво измешајте. – На чинија ставете ја целата смеса и обликувајте ја како купола. Одозгора ставете ги пропржените печурки со кромид, формирајте ја смесата во облик на гнездо и премачкајте ја со разматена павлака. Одозгора ставете чипс-стапчиња. – Најодозгора направете вдлабнатина и наредете листови магдонос. На средина ставете ги трите сварени и излупени јајца од потполошка.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page