top of page

Тортата без печење готова за само половина час


Песок тортата е една од најпознатите што се прави без печење. Се подготвува брзо и лесно, т.е. потребни се само околу 30 минути за да се подготви.


Иако се работи за едноставна торта, на трпезата изгледа навистина луксузно, а нејзиниот вкус е неверојатен.

Оваа торта се состои од три многу вкусни креми кои имаат потполно иста основа. Бидејќи основниот крем е идентичен, она што е различно се состојките што му се додаваат за конечен вкус. Еден крем е со вкус на орев, друг со вкус на кокос, а третиот со вкус на бисквити.

Состојки:

1 литар млеко4 пудинзи од ванила300 гр шеќер250 гр путер200 гр мелени бисквити200 гр кокос200 гр мелени оревишлаг за декорација



Подготовка:

Сварете четири пудинзи од ванила, но не според упатството на пакувањето, туку во 1 литар млеко. Потоа изладете го пудингот и додадете го путерот измешан со шеќер до пена.

Смесата поделете ја на три дела.

Во едниот дел додадете кокос, во вториот мелените ореви, а третиот мелените бисквити. Додадете доволно состојки за пудингот да стане доволно цврст за да се размачка.

Во калапот за колачи прво ставете крем со бисквити, па крем со кокос и на крај со ореви.

Потоа украсете ја тортата со шлаг или чоколадо и овошје по избор.

ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
bottom of page