top of page

САМО ЗА ВИСТИНСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЧОКОЛАДОТО: Нема да можете да ѝ одолеете на оваа торта

  • rubinirubin
  • Apr 8, 2022
  • 1 min read

ree

Подгответе ги сите видови чоколадо и право во кујна

СОСТОЈКИ:

3 јајца 150 гр чоколадо 70 гр путер 4 лажици шеќер 1 лажица брашно ЗА ФИЛ:

500 гр маскарпоне сирење 2 кесички ванилин шеќер 500 мл слатка павлака 100 гр темно чоколадо 100 гр млечно чоколадо 100 гр бело чоколадо 100 гр шеќер

ПОДГОТОВКА:

Чоколадата за кората и путерот растопете ги на пареа. Со миксер изматете ги шеќерот и жолчките, па во таа смеса додадете ги растопеното чоколадо и една лажица брашно. Изматете ги белките додека не добиете смеса како шлаг и додајте ја во претходната смеса. Печете на 160 степени околу 40 минути.

Растопете го белото чоколадо заедно со ванилиниот шеќер. Додека другите чоколади се топат секоја посебно. Изматете го маскарпонето и шеќерот во еден сад, а во друг сад изматете ја слатката павлака, па спојте ги заедно во еден сад. Поделете ја оваа смеса на три дела и додајте ја во различните видови чоколадо.

Најпрво истурете го темниот фил на кората, потоа кафеавиот и потоа белиот фил. По желба, можете да ставите чоколадна глазура. Оставете да отстои во фрижидер преку ноќ.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page