top of page

РЕЦЕПТ: Руски капи – Десерт кој морате да го пробате

  • Dec 4, 2022
  • 2 min read

За овој десерт постојат повеќе називи – козачки капи, руски капи, шубари.. И навистина тие се својот изглед потсетуваат на вистински крзени капи – руски шубари што на многумина им е доста допадливо и се јавува спонтана желба да ги пробаат.

Освен што наизглед се доста привлечни, уште по првиот залак нема да можете да им одолеете. Еве како да ги подготвите:

СОСТОЈКИ:

За бисквит

6 јајца8 лажици шеќер3 лажици какао1 прашак за пециво4 лажици водаЗа фил500 мл. млеко2 лажици меко брашно Т4003 лажици густин6 лажици шеќер1 ванилин шеќер140 гр. бела чоколада220 гр. путер100 гр. црна чоколада30 гр. путер50 гр. кокосово брашно

ПОДГОТОВКА:

1.Направете фил. Во сад сипајте еден ден од млекото. Во одвоен сад измешајте брашно, густин, шеќер и ванилин шеќер. Додадете го преостанатото млеко и добро измешајте да се разбијат сите грутки. Млекото во садот загрејте го до степен на вриње а потоа додадете разматено брашно со густин и гответе неколку минути константно мешајќи додека да се згусне. Отстранете од огнот и додадете бела чоколада и измешајте да се соедини. Префрлете во друг сад, покријте со провидна фолија и изладете на собна температура.

2.Додека филот се лади, подгответе ја кората. Одвојте ги белките од жолчките па белките изматете ги со шеќер во цврста пена. Додадете ги жолчките и разматете додека да се соединат. Додадете брашно, какао прав и прашок за пециво и вода, па потоа соединете со миксер. Префрлете во плех обложен со хартија за печење. Распоредете го тестото во рамномерен слој и тропнете со плехот од површина за да излезат меурчиња. Печете 20 минути на загреана рерна.

3.Изладената кора исечете ја со округли калапчиња или чаша на што повеќе кругови, најдобро е пречникот да биде 6-8 цм. Секој круг бисквит попречно исечете го со нож.

4.Изладениот фил изматете го со миксер и постепено додавајте путер матејќи цело време. Изладете го во фрижидер да се стегне толку за со него да може лесно да се управува. Префрлете го филот во кеса и филувајте ги бисквитите. Ставете ги во фрижидер да се стегнат за полесно да можете да ги намачкате ивиците. Кога ќе се стегнат, намачкајте ги капчињата од страните и извалкајте ги во кокос.

5.Чоколадата растопете ја со путер и на секоја капа ставете лажица чоколадо и распоредете по ивиците. Изладете и служете.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page