top of page

Постојано ја прашувале кога ќе роди дете: Со фотографија и моќна порака им ги затвори устите

  • rubinirubin
  • Feb 9, 2020
  • 2 min read


ree


Мили Бингам со кратка порака ги замолчува сите оние кои слободно ги преплавуваат жените со прашања за раѓањето на деца. 33-годишната Американка доби аплаузи од илјадници жени откако објави фотографија од ултразвук на Фејсбук, а во описот ја напиша следната порака: „Здраво на сите! Сега, кога го придобив вашето внимание со оваа ПРОИЗВОЛНА ФОТОГРАФИЈА ОД УЛТРАЗВУК што ја презедов од Google, сакам пријателски да ви укажам дека репродуктивните планови и одлуките за раѓање дете на другите луѓе не се ваша работа. НЕ СЕ ВАША РАБОТА. Пред да прашате млади брачни партнери кои се заедно речиси цел живот кога конечно ќе создадат семејство… пред да ги прашате родителите на мало дете кога ќе започнат да работат на помало братче или помало сестриче… пред да прашате сингл личност дали/кога тој/таа планира да има деца зашто часовникот отчукува… едноставно застанете. Ве молам застанете.


ree


Не знаете кој се соочува со неплодност или тажи поради спонтан абортус или се справува со здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската или е под огромен стрес или за кого едноставно тајмингот е погрешен. Не знаете кој е во дилема за тоа дали сака да има деца или дали да има повеќе деца. Не знаете кој одлучил дека засега не сака деца или дека не сака деца воопшто. Не знаете дека вашите навидум невини прашања можат некому да причинат тага, болка, стрес или фрустрации. Се разбира, кај некои луѓе тие прашања може да не предизвикаат загриженост, но од мое искуство и од искуствата на многу пријатели, можам да ви кажам дека најверојатно ќе предизвикаат загриженост“. Заклучок: Независно дали сакате да имате внуче или сте добронамерен пријател или роднина или само љубопитен сосед, знајте дека тоа апсолутно не е ваша работа. Наместо тоа, прашајте што ги интересира во моментот, прашајте ги кој им бил најдобриот дел од денот. Доколку некоја личност сака да ви открие нешто така лично како нејзините планови да има или да нема деца, таа ќе ви ги каже. Ако сте љубопитни, едноставно седете и чекајте, дозволете ѝ тоа да го направи по сопствен избор, тогаш кога ќе биде подготвена за тоа.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page