top of page

Поради овие 5 причини треба да го замените белиот леб со интегрален

  • Jan 4, 2023
  • 2 min read

Лебот го носи епитетот цар на македонската трпеза. Се внесува секојдневно како составен дел на голем број јадења.

Нутриционистите препорачуваат да се избегнуваат печива и леб направени од бело брашно, а да се внесува доволна количина растителни влакна, кои помагаат за подобро варење на храната и регулирање на телесната тежина.

Интегралните житарки се одличен извор на растителни влакна, витамини од групата Б, магнезиум, кои помагаат во превенција на голем број заболувања помеѓу кои и дебелината.

Лебот направен од интегрално брашно има поповолно влијае врз здравјето во споредба со лебот припремен од бело брашно.

Дел од здравствените придобивки при консумација на интегралниот леб се:

Подобро варење на храната – високата количина на растителни влакна го прават интегралниот леб идеално решение при опстипација (запек). Растителните влакна кои ги содржи ја подобруваат работата на желудникот и апсорпцијата на хранливите состојки. Тоа придонесува да столицата е редовна, а телесната тежина регулирана и во нормални граници.

Превенира срцеви заболувања – редовното консумирање на интегрални житарки придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта. Според испитувањата, испитаниците кои редовно консумираат интегрален леб имаат 30 проценти помал ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Го регулира нивото на шеќер – варењето и апсорпцијата на интегралниот леб во споредба со белите, рафинирани печива трае подолго време и истото овозможува подолго време на чувство на ситост. Нивото на гликоза во крвта не варира и истото допринесува за превенција од дијабетес тип 2.

Одличен извор на витамини – интегралниот леб е одличен извор на витамините од групата Б: тиамин, рибофлавин и ниацин, кои ја подобруваат ментална активност. Фолната киселина помага во создавањето на црвените крвни клетки и е неопходна за превенција на вродени дефекти кај новороденчињата.

Намален ризик од канцер – консумирањето на интегрален леб, наместо бел, го намалува ризикот од појава на колоректален и панкреатичен карцином. За да го намалите ризик од канцер, покрај интегрален леб се препорачува редовно консумирање на зеленчук и овошје, а намалување на месото и преработената храна.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page