top of page

Ова се најубавите имиња за децата родени во пролет: Сите се прекрасни, а дел од нив навистина уникат

  • May 11, 2020
  • 1 min read


Пролетта е симбол на нов живот, сила, енергија, позитива, па не е ни чудно што за многу имиња асоцираат на ова годишно време. Велат дека името многу влијае врз судбината на детето, па добро е да размислите за него уште во периодот на бременоста.

Ви ги претставуваме некои од најубавите пролетни имиња!

Имиња за девојчиња:

Весна – Старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина и обновувањето на природата.

Зора – Старословенска божица на утрото, која му дава сила на сонцето.

Маја – Римска божица на полињата и плодовите која се поврзува со пролетта, а по неа е наречен и петтиот месец во годината – мај.

Аурора – Римска божица на изгрејсонцето.

Ирис – Божицата на виножитото во грчката митологија.

Анастасија – Потекнува од грчкиот збор анастасиас – повторно родена, воскресната, препородена.

Невена, Јасмина, Лилјана, Љубица – Најубавите билки кои цветаат во пролет.

Имиња за момчиња:

Лука – Потекнува од латинскиот збор lucus – шума, дрвја.

Младен – Симболизира вечна младост.

Горан, Зоран, Невен – симболи на пролетта.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page