top of page

Никогаш не го чувајте чоколадото на ова место во домот, повторуваме – никогаш!

  • rubinirubin
  • Jul 29, 2021
  • 1 min read

ree

Можеби во текот на летото копнеете по коцка ладно чоколадо, но експертот Сара Хартнет тврди дека чоколадото никогаш не треба да го ставате во фрижидер.

Имено, нејзиниот совет е да го консумирате само ако стои на собна температура.

Како што истакнува, ако се чува во фрижидер, чоколадото може да има различен вкус, односно може да ја прими аромата на храната што е во фрижидерот.

-Сигурно не сакате чоколадото да има вкус како кромид или лук, вели Сара.

Друг дел од нејзиниот совет е како да консумирате чоколадо. Таа вели дека коцката чоколадо треба да ја мириснете пред да ја ставите во уста.

Чоколадото се чувствува со повеќе сетила. Миризбата одредува приближно 80 проценти од нашиот вкус. Мирисот на чоколадо ќе ви го подготви сетилото за вкус и ќе ви ја навлажни устата, така што вкусот ќе биде сосема различен, рече таа.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page