top of page

Научниците потврдија дека овој омилен напиток меѓу луѓето влијае во намалувањето на мастите

  • Jan 9, 2021
  • 1 min read

Пиењето на овој, за многумина омилен напиток, е корисно и ги разградува мастите, но исто така спречува таложење на истите – покажало истражувањето на научниците од англискиот универзитет.

Тимот експерти предводен од д-р Лием Смит, ја истражувал врската помеѓу консумирањето кафе и телесната тежина кај двата пола.

Резултатите покажале дека жените на старост од 20 до 44 години, кои што пиеле по две-три шолји кафе дневно, имале помалку вкупна телесна маса и за 3.4 отсто понизок процент на масно ткиво во однос на оние кои што консумирале помалку кафе во текот на денот.

Дамите на возраст од 45 до 59 години, кои што пиеле по четири и повеќе кафиња на ден, имале вкупен процент на масно ткиво за 4.1 отсто понизок.

Кај припадниците на посилниот пол ситуацијата била поразлична. Мажите на возраст од 20 до 44 години, кои што пиеле по 2-3 кафиња дневно, можеле да се пофалат со вкупен процент на масно ткиво пониско за само 1.3 отсто од оние кои што воопшто не пијат кафе.

Во секој случај, врз основа на ова истражување заклучокот бил дека кафето може да се смета за ”опасно оружје” во борбата против телесната тежина.

„Кафето би требало да се вклопи во стратегијата за здрава исхрана за да се намали товарот на хроничните болести, поврзан со епидемијата на гојазност“ – наведува д-р Смит.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page