Лазања со спанаќ
- Sep 25, 2021
- 0 min read

Потребни состојки:
12 кори за лазања масло за готвење 400 г спанаќ 250 г пелати (излупени домати од конзерва) 3 лажици маслиново масло 200 г путер 150 г брашно 150 мл млеко 6 лажици рендан пармезан 5 јајца Сол Мускантно оревче 1 лажица мешан зачин
Начин на подготовка:
Пелатите убаво исцедете ги, извадете им ги семките, исечкајте ги и ставете ги во загреано маслиново масло. Пржете ги додека не испари течноста. Спанаќот исчистете го, измијте го и кусо варете го во зовриена солена вода. Потоа извадете го, оладете го и исечкајте го.
Брашното пропржете го на путер, додадете го млекото и гответе околу 5 минути непрекинато мешајќи со жица. Додадете го мускантното оревче, посолете и бешамелот е готов. Кога бешамелот ќе се олади, во него додадете ги сечканиот спанаќ, лажицата мешан зачин и јајцата, кои претходно ќе ги изматите.
Сварете ги корите за лазања но не докрај, исцедете ги и оладете ги. Земете тава, намачкајте ја со масло за готвење и наредете ред од корите за лазања. Потоа, ставете прво од сосот од пелат, па од бешамелот со спанаќ и одозгора повторно ставете ред со кори. Постапката повторете ја додека не ги потрошите корите, а на крајот одозгора сипете го остатокот од бешамелот и пармезанот. Печете на загреана рерна на 180 Целзиусови степени, околу 40 минути.




Comments