top of page

Компир-пита: Ќе посакате да ја направите и пробате веднаш

  • Jan 16, 2020
  • 1 min read


Подгответе ја денес оваа вкусна пита… Потребно е: 20 г свеж квасец 200 мл вода 1 лажиче шеќер 4 средно големи компири 300 г брашно прстофат свеж рузмарин 1 лажиче сол 2 лажици маслинов зејтин + за премачкување морска сол сусам Подготовка: – Компирите измијте ги и варете ги 20-тина минути во солена вода. Исцедете ги, излупете ги и испасирајте ги. На испасираните компири додадете им сол по вкус и оставете да се изладат. – Во еден сад ставете вода, шеќер и додадете го квасецот. Садот оставете го на топло за да стаса квасецот. Во стасаниот квасец додадете маслиново масло и промешајте. – Во изладените компири додадете ги брашното, ситно сечканиот рузмарин и надојдениот квасец. Замесете меко тесто. Покријте го со памучна крпа и оставете го да стаса. – Големата тава од рерна премачкајте ја со малку масло. – Стасаното тесто благо размесете го, истенчете го со раце толку за да може да го префрлиме во тавата без проблем. И во тавата продолжете со тенчење на тестото и тоа од средината кон краевите на тавата. Дебелината на тестото треба да биде како тоа за пица. – Тестото премачкајте го со маслиново масло, малку посолете го и посипете го со сусам. – Така подготвеното тесто исечете го на парчиња со големина по желба и ставете да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 20 минути, односно додека не порумени.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page