top of page

Како изгледа еден вистински господин во очите на жената?

  • Mar 4, 2020
  • 1 min read


Ниту брадата, ниту мускулите, ниту нов автомобил, неможат да го направат мажот попривлечен во очите на жената колку овие неколку ставки.

Хумор

Духовитите мажи покажуваат интелигенција, опуштеност и самодоверба, а со тоа значи дека мажот кој ги смее луѓето околу себе, ќе ја смее жената во текот на целиот нејзин живот.

Способност

Никој не е способен за се, но мажите кои се способни и кои се разбираат во повеќе работи, се секако по привлечни од мажите кој не знаат ни една сијалица да сменат.

Иницијатива

Мажот на кого не му е непријатно да даде комплимент, прати порака, гласно насмее или страствено бакне, е маж кој знае да превземе иницијатива што секогаш делува привлечно во очите на жената.

Посакуван

Сакале или несакале да признаат, на жените им е секси мажот кој другите жени го посакуваат, а тој ја избрал баш неа. Со тоа тој ги потврдува неговите квалитети и создава доза на натпреварувачки дух кој може да биде возбудлив.

Став

Самодовербата е клучниот фактор за привлечност, затоа што ако некој има лошо мислење за самиот себе, тогаш не треба да очекува другите да имаат поразлично мислење за него. Мажот кој е свесен за своите доблести и мани, знае како да се однесува спрема луѓето и знае како да остави добар впечаток е секогаш повеќе привлечен.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page