top of page

Заблуда за цигарите: Тие не смируваат, туку ја зголемуваат депресијата

  • Mar 11, 2020
  • 1 min read


Пушачите имаат 70 отсто поголеми шанси да страдаат од депресија и анксиозност, покажуваат студиите.

Истражувачите велат дека оставањето на пушењето може да им помогне на луѓето да се борат против овие проблеми и да го подобрат своето ментално здравје.

Откриено е дека ризикот од тие проблеми кај лица кои пред повеќе години го оставиле пушењето не е ништо поголем отколку кај луѓето кои никогаш не пушеле.

Со студијата се опфатени 6.500 лица во период од над 40 години. Откриено е дека 18,3 отсто од пушачите страдаат од депресија и анксиозност, во споредба со десет отсто непушачи и 11,3 поранешни пушачи.

Во последната група се вбројувале лица кои не запалиле цигара подолго од една година.

Експертите велат дека е заблуда оти цигарите смируваат.

–Нашата студија покажа дека оставањето на пушењето го подобрува не само физичкото, туку и менталното здравје, вели водачот на студијата Роберт Вест, професор по психологија на Универзитетот во Лондон.

Пушачите мислат дека пушењето ги смирува, но тоа всушност ја зголемува анксиозноста и напнатоста. Кога ќе запалат цигара, тие всушност привремено го блокираат стресот предизвикан од недостиг на никотин во организмот, што го мешаат со вистинско опуштање.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page