За оваа чоколадна торта ви требаат само шест состојки и готова е за пет минути
- rubinirubin
- Jan 4, 2023
- 1 min read

Речиси нема луѓе кои не уживаат во вкусните, чоколадни десерти, но не секој има доволно време да подготви домашни колачи за своето семејство.
Најдовме едноставен и вкусен рецепт за чоколадна торта која ќе биде готова за 5 минути, а потребни ви се само шест состојки. И можете да го подготвите ова дури и ако не сте одличен готвач.
Состојки:
– 220 грама брашно
– 85 грама какао во прав
– 150 грама шеќер
– 3 лажички прашок за пециво (1 кесичка)
– 130 грама растително масло или стопен путер
– 550 грама топла вода
Подготовка:
Просејте ги брашното и какаото во сито за да се ослободите од сите можни грутки. Додадете шеќер и прашок за пециво и измешајте. Додадете ги влажните состојки: масло/путер и вода.
Измешајте сè заедно со миксер или рачна мешалка. Земете сад кој ќе ви послужи како калап и додадете ја смесата во него, но претходно премачкајте ја малку со путер и брашно. Ставете во микробранова или обична рерна околу 3 минути на 160 степени.
Малку протресете ја тавата на половина од печењето. Кога тортата малку ќе се излади, ставете ја на плех или даска и прелијте ја со чоколадната глазура (стопена чоколада по желба со малку путер).
Колачот можете да го послужите со свежо овошје и малку шлаг.
Comments