БЕЗ БРАШНО: Здрави солени палачинки по рецепт на Џејми Оливер
- May 17, 2022
- 1 min read

Познатиот готвач Џејми Оливер често не изненадува со рецепти кои се и брзи и здрави и лесни за подготовка. Неговиот рецепт за пролетни солени зеленчукови палачинки одамна ги фасцинира љубителите на кулинарството, а сега има нов рецепт за сите оние кои сакаат да направат здрав и вкусен оброк за појадок.
За овој рецепт за палачинки не ви треба брашно, ниту млеко, масло за смесата… Потребен ви е блендер во кој добро ќе соедините неколку состојки.
Рецепт:
100 гр овесна каша 100 гр свежо сирење 2 поголеми јајца една лажичка прашок за пециво маслиново масло за пржење авокадо и јајца
Во блендер изматете ги овесните снегулки, јајцата, сирењето и прашокот за пециво. Ако смесата е премногу густа, додадете малку вода и малку сол.
Загрејте ја тавата на средна топлина со малку маслиново масло или путер по желба.
По совет на Џејми, послужете со авокадо и поширано или јајце на око, или со други прилози по вкус.




Comments