top of page

Пита со мелено месо и ајвар- одличен рецепт за Божиќ

  • Jan 9, 2020
  • 1 min read



Додека уште имате од домашниот ајвар направете ја оваа превкусна пита со мелено месо и ајвар.

Потребно е: 1 пакување готови кори за пита (9 кори) 500 гр мелено месо 350 гр ајвар 4 јајца 200 гр кисела павлака 1 главица кромид 2 чешниња лук масло мелен сув зачин сол, бибер

Подготовка: – Кромидот ситно исецкајте го и испржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете со пржењето.

– Кога ќе се испржи месото додадете го ситно сецканиот лук и зачинете со сол, мелен сув зачин и малку бибер.

– Тргнете ја тавата на страна и додадете го ајварот. Убаво измешајте.

– Тавата од рерна убаво намастете ја и доле ставете 3 кори. Секоја кора испрскајте ја со малку масло.

– На третата кора ставете 1/2 од филот со месо и ајвар.

– Ставете повторно уште три кори и потоа остатокот од филот. На крај завршете со преостанатите три кори.

– И последната кора испрскајте ја со масло и на повеќе места избодете ја со вилушка. Исечете ја питата на коцки.

– Во еден сад изматете ги јајцата со киселата павлака. Со оваа смеса прелијте ја питата.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

– Послужете ја со кисела павлака.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page