top of page

Наместо прејадување за празниците, еве одличен рецепт: Густа чорба од вргањ

  • rubinirubin
  • Jan 9, 2020
  • 1 min read



Хранлива, кремаста и многу вкусна …

Потребно е: 1 главица кромид 2-3 лажици масло 300 гр свежи печурки вргањ 2 компири 1 поголем морков 1 лажица мелен сув зачин 1 чешне лук бибер естрагон во прав 100 мл бело вино 700 мл вода 100 мл кисела павлака магдонос

Подготовка: – Печурките исчистете ги, измијте ги убаво, исечете ги на листови, кратко сварете ги во врела вода и исцедете ги.

– На врело масло испржете го ситно сецканиот кромид. Додадете го морковот исецкан на коцкички и печурките. Кратко сите состојки заедно динстајте ги со додавање на малку вода.

– Потоа додадете ги компирите исецкани на коцки, стиснатиот лук, мелениот сув зачин, биберот и естрагонот и продолжете со динстањето уште 10-тина минути.

– Додадете ги виното, врелата вода и кратко варете. На крај додадете ја и киселата павлака.

– Пред да ја послужите во чорбата исецкајте свеж магдонос.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page