top of page

7 намирници кои го подобруваат квалитетот на сонот

Квалитетниот сон и доволно сон се главните предуслови за добро здравје, а нутриционистите тврдат дека има намирници кои позитивно влијаат на добар сон и добар одмор, за следниот ден да биде поспремен за нови работни и животни победи. .

Според нутриционистите, препорачливо е да се консумираат седум видови храна пред спиење, за да имате подобар квалитет на сон.

Чај од камилицаВеројатно знаете дека чајот од камилица е природен седатив. Содржи антиоксиданси кои можат да предизвикаат поспаност, а се покажа дека пиењето пред спиење го подобрува севкупниот квалитет на сонот.

Мисиркино месоНутриционистите тврдат дека е одлично да јадете мисирка за вечера, доколку сакате добро да спиете. Мисирката содржи големи количини на протеини и триптофан, а познато е дека овие две супстанции го намалуваат заморот.

БадемиМелатонин е една од оние супстанции корисни за квалитетен сон. Бадемите се извор на мелатонин и минералот магнезиум кој исто така го подобрува сонот, а овие две состојки во комбинација се одличен избор како здрава ужина пред спиење.

КивиОва зелено, вкусно овошје, покрај тоа што е ризница на витамин Ц, е богато со серотонин и антиоксиданси, кои и двете можат да го подобрат квалитетот на сонот кога се јаде пред спиење.

Сок од вишниОсвен што е вкусен, сокот од вишни содржи и хормон мелатонин, кој го поттикнува сонот и може да биде од голема помош за подобар и помирен сон.

Мрсна рибаМасните риби се богати со витамин Д и омега-3 масни киселини, и двете имаат својства кои можат да го подобрат квалитетот на вашиот сон.

ОревиПокрај бадемите, како храна пред спиење се препорачуваат и ореви. Тие имаат неколку својства кои можат да поттикнат подобар сон. На пример, тие се одличен извор на мелатонин и здрави масти.

ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
bottom of page