30 женски правила: Елегантно, дамски и со стил…
- rubinirubin
- Mar 24, 2020
- 3 min read

Жените се подложни на многу општествени правила. Некои од нив се поучни, некои од нив и не толку. Денес ви претставуваме 30 правила или насоки за жените кои ќе ви донесат социјален успех, но и ќе ви го олеснат животот доколку ги знаете и следите.
Секое од овие 30 женски правила ќе покаже колку сте зрели и што сте научиле од претходните искуства. Понекогаш се работи за многу едноставни работи, но сепак многу важни во одредени моменти.
Што треба да знае жената?
1. Да побара помош кога и е потребна (Иако сте супер жена, не мора се да правите сами). 2. Да знае како самите да си ги прегледате своите гради ( И тоа редовно да го прави). 3. Да знае како да промените гума на автомобил (или да го има бројот од службата за тоа). 4. Да знае што треба да направи доколку и се истури вода врз телефонот. 5. Да знае како да каже „не“ на елегантен и соодветен начин, без некој да помисли дека мислела така. 6. Да знае искрено да се извини. 7. Да знае како да пронајде излез (од лоша врска, пријателство, работа или кафуле со лоша музика). 8. Да се гризне за јазик кога е потребно. 9. Да преговара за покачување на платата кога е тоа потребно. 10. Да изгугла се за личноста со којашто има состанок ( и професионален, но и романтичен). 11. Да знае да избере свежо овошје. 12. Да подготви и убаво да сервира здрав и вкусен ручек за себе и за уште еден гостин. 13. Да ги исфрли непотребните работи од чантата (и ормарот). 14. Да покани некого на состанок. 15. Да започне разговор со нормални прашања на кои не се очекува одговор со „Да“ или „Не“. 16. Да го заврши разговорот кога е потребно и тоа на суптилен, ефикасен начин. 17. Да знае да го спакува подарокот на начин на кој тој што ќе го добие едвај да чека да го отвори. 18. Да знае да држи бебе во раце. ( Дури и ако не планира наскоро да има дете). 19. Да знае да ја прикрие лошата фризура. 20. Да знае да организира и резервира патување за одмор. 21. Да понуди помош на оние на кои им е потребна. 22. Да знае да се облече во склад со својата телесна градба. 23. Да знае да отвори шише шампањско. 24. Да умее да ја намести масата на интересен начин, без оглед на тоа колку е едноставно јадењето. 25. Да умее искрено да се заблагодари без разлика дали тоа го прави лично или преку порака. 26. Да знае достоинствено да раскине, да го направи тоа лично, преоѓајќи директно на работата, да одбере добар миг, да даде разумно објаснување и да одговори на сите логични прашања кои следуваат. 27. Да научи да изгледа добро на фотографии. 28. Да знае да се напие алкохол без да ја фати мамурлук наредниот ден, да ги знае своите граници, да не пие повеќе од три чаши црно вино, да пие вода кога пие жестоки алкохолни пијалоци. 29. Да знае да направи барем еден добар коктел. Покрај добриот впечаток кој ќе го остави, тоа е одличен начин и самата на себе да си ја разубави вечерта или да ја расположи тажната другарка. 30. Да ја знае вистинската вредност на парите – не очекува дека за 500 денари ќе купи квалитетна облека, но знае како да набави намирници со истите пари за еден прекрасен ручек или да го избере вистинскиот подарок.
Comments