
Иако мислењето дека татковината на лазањите е италијанскиот град Болоња, всушност претходник на лазањите е античко јадење кое датира од античка Грција. Кога Римјаните ја окупирале Грција, околу 146 п.н.е., тие го усвоиле локалното знаење, култура и храна.
Ви носиме рецепт за совршена вегетаријанска лазања во која ќе ужива целото семејство.
Состојки:
2 лажици маслиново масло2 главици кромид1 пиперка2 чешниња лук100 гр спанаќ200 гр варен грав300 гр свежа кора за лазања4 лажици пармезансол и бибер1 конзерва излупени домати

Подготовка:
На маслиново масло пропржете сечкан кромид и пиперка, а потоа додадете ситно сечкан лук. На крај додадете ги гравот, спанаќот и излупените домати и динстајте 10 минути и зачинете. Подготвениот плех за лазањи намачкајте го со малку масло и наредете ред кори, ред филови и завршете со филот и посипете со пармезан. Печете ги лазањите во загреана рерна на 190 степени околу 45 минути.
תגובות