top of page

15 мисли на Вини Пу кои ќе ви помогнат да бидете подобри родители и подобри луѓе

  • rubinirubin
  • Jan 22, 2020
  • 2 min read



Иако оригинално е создаден пред речиси цел век, мечето Вини Пу е еден од омилените измислени ликови, како и меѓу децата, така и меѓу возрасните. Иако овој лик се појавува во многу филмови и цртани филмови, лесно се заборава дека ова слатко мече првпат оживеа во оригиналните книги „Вини Пу“ и „Куќата на аголот Пу“ на писателот А.А.Милн. Овие класици можеби се напишани за деца, но тоа не значи дека тука не може да се најдат и многу совети за возрасни. Издвоивме 15 цитати од оригиналните книги кои ќе ви помогнат да бидете подобри родители или едноставно, подобри личности. Кога доцните веќе 20 минути, а вашето дете одбива да се облече: „Реките го знаат ова: Нема потреба за брзање. Еден ден ќе стигнеме таму.“ Кога упорно ги примате ударите на родителството: „Похрабар/а си отколку што веруваш дека си, посилен/а си отколку што изгледаш и попаметен/а отколку што мислиш.“ Кога ќе се залеташ со родителството, а на твоето дете му е потребна мала пауза: „Љубовта значи да правиш неколку чекори наназад, а можеби и повеќе… за среќата на личноста која ја сакаш.“ Кога детето упорно ти плаче, а ти брзаш за на работа: „Колку имам среќа кога морам да се поздравам со некој кој толку многу ми значи.“ Кога сопругот/сопругата те прашува дали воопшто знаеш во кој правец одите: „Не сум изгубен/а затоа што знам каде одам. Но, сепак, изгубеноста е баш онаму каде што сум.“ Кога сте на работ на нервите, а вашето дете намерно ја фрла храната на подот: „Малку обѕир, само малку грижа за другите – тоа ја прави целата разлика.“ Кога ќе ве обземат чувства кон детето: „Понекогаш, најмалите работи заземаат највеќе место во твоето срце.“ Кога на вашето дете не му се допаѓа вашиот музички вкус: „Поезијата и пеењето не се нешто што го добиваш, туку нешто што те добива тебе. И сѐ што можеш да направиш е да одиш кон она што ќе те пронајде.“ Кога целиот викенд го поминувате седејќи на троседот гледајќи телевизија: „Понекогаш седам и размислувам, понекогаш само седам.“ Кога детето не се смее на вашите шеги: „Она што ме прави поинаков/а е она што ме прави тоа што сум.“ Кога вашето дете не сака да дојде да вечера, иако цело време викате по него: „Доколку личноста не те слуша кога ѝ зборуваш, види внимателен/а, можеби има малку памук во увото.“ Кога детето ќе каже нешто неубаво и ненамерно ќе ве повреди: „Само затоа што животното е големо, не значи дека не сака внимание. Тигарот можеби изгледа голем, но знај дека и тој сака внимание.“ Кога детето ќе се сети на некоја ваша грешка: „Знам дека пишувам, но некогаш буквите се мешаат.“ Кога детето се плаши да излезе надвор и да истражува: „Не можеш да стоиш во аголот на твојата шума и да чекаш другите да дојдат по тебе. Мораш понекогаш и ти да отидеш кај нив.“ Кога детето не сака да си легне: „Мислам дека сонуваме за да не мораме долго да бидеме раздвоени. Ако ние си доаѓаме во соновите, можеме засекогаш да бидеме заедно.“

Commentaires


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page