11 кратки совети за исполнет живот: Најбрз начин да ја изгубиш љубовта е пресилно да ја држиш
- rubinirubin
- May 11, 2020
- 1 min read

Не ја смалувај сопствената вредност преку споредување со другите. Секој од нас е поинаков и секој од нас е посебен.
Не ги одредувај своите цели во зависност од приоритетите на другите луѓе. Само ти знаеш што е најдобро за тебе.
Не ги земај „здраво за готово“ работите кои ти се најблиску до срцето. Чувај ги, затоа што животот е бесмислен без нив.
Не дозволувај животот да ти се излизга низ прсти. Настојувај да живееш во сегашноста, а не во минатото. Живеј го својот живот ден за ден.
Не се откажувај сѐ додека имаш причини за да продолжиш да се обидуваш. Ништо не е изгубено сѐ додека самите не се откажеме и престанеме да се трудиме.
Не се плаши да ризикуваш. Така учиме да бидеме похрабри.
Не ја исклучувај љубовта од својот живот. Најдобар начин да добиеш љубов е да ја даваш.
Најбрз начин да изгубиш љубов е прецврсто да ја држиш до себе. Најдобар начин да задржиш љубов е да ѝ дадеш крилја.
Не ги отфрлај своите соништа. Да живееш без соништа е како да живееш без надеж. Да живееш без надеж е исто како да живееш без смисол.
Не трчај низ животот. Брзањето е најдобар начин да заборавиш не само каде си бил, туку и каде одиш.
Животот не е трка, туку патување во кое треба да се ужива. Во секој чекор.




Comments