10 работи кои емоционално затворената девојка ги сака од вас…
- rubinirubin
- Feb 28, 2020
- 2 min read

Кога станува збор за љубовта, некои луѓе се отворени, а некои позатворени во однос на чувствата. Некои луѓе се малку почувствителни, па кога некој ќе ги повреди, се повлекуваат во себе и ретко потоа дозволуваат некој да допре до нив.
Тие имаат емотивни ѕидови и одбранбени механизми со цел да не бидат повредени повторно. Па така, кога ќе започнете врска со девојка која е емоционално затворена, треба предвид да ги имате овие неколку работи кои таа ги сака од вас, а никогаш нема да ви ги каже:
1. Постојаност. Таа сака да знае дека не ги кажувате работите само затоа што така ви паднало на памет. Таа сака да може да ви верува дека утре нема да се предомислите и туку така да си отидете во моментот кога ќе почне да се приврзува за вас.
2. Внимание. Емоционално затворената девојка секогаш ќе се труди да не покажува која е и како се чувствува, но ако и обрнете доволно внимание, можеби ќе и биде полесно да ви се отвори затоа што ќе почувствува дека сакате подлабоко да ја запознаете.
3. Искреност. Таа е затворена затоа што била лажена и повредувана многу повеќе отколку што можете да си замислите. Таа ја сака искреноста дури и кога боли, затоа што тоа е единствен начин за да го спушти одбранбениот механизам.
4. Дела, а не зборови. Таа не сака големи гестови, но сака преку мали ситници да и покажете дека го мислите тоа што го зборувате и дека ја почитувате, како на пример кратки пораки, ако запомните која и е омилената книга и слично. Таа само сака да знае дека сте тука за неа.
5. Сигурност. Таа сака да знае дека е во сигурни раце. Не зборувајте со неа ако се гледате со 5 други девојки, не и кажувајте дека ви се допаѓа ако не сакате врска и не ја влечете за нос и не и давајте лажна надеж ако не сте подготвени.
6. Разбирање. Таа сака да разберете која е нејзината приказна и зошто е таква каква што е. Таа сака да знаете од каде потекнуваат нејзините стравови и дека нејзините одбранбени механизми се само глума за да не биде повторно повредена и разочарана. Таа сака да ја разберете нејзината болка и сака да го разберете нејзиното срце.
7. Ранливост. Таа сака да бидете ранливи и искрени за тоа кои сте, таа сака да знае дека можете да бидете тоа што сте со неа без да се воздржувате, затоа што така и таа ќе може да се опушти и нема да ги крие своите чувства. Таа сака вие прво да ги срушите своите ѕидови затоа што така ќе знае дека не сте уште еден маж кој сака да го скрши нејзиното срце.
8. Иницијатива. Таа сака вие да ги иницирате повиците, состаноците, длабоките разговори и важните прашања. Таа сака вие да ги правите првите потези затоа што таа се плаши дека ќе ве оттурне од себе ако таа ги направи прва.
9. Однесувањето кажува се. Премногу пати ја лажеле за да верува во празни ветувања. Таа го гледа тоа што е исполнето, а не тоа што е ветено.
10. Борете се за неа. Таа сака да се борите за неа. Таа сака да се трудите ако не ви покаже се одеднаш. Таа сака да и ги пробиете одбранбените механизми и да и ги срушите ѕидовите, дури и кога е најзатворена.
Comments