Ќе вложите минимален труд, а ќе добиете прекрасен колач со јогурт
- rubinirubin
- Jan 31, 2022
- 1 min read

Изберете ги состојките што веројатно веќе ги имате во вашиот дом и подгответе вкусна торта со јогурт која ќе ја обожуваат сите членови на вашето семејство.
Состојки:
2 јајца 2 чаши шеќер 1/2 чаша масло 1 портокал 1 чаша јогурт 2 чаши брашно 1 чаша ореви 1 прашок за пециво 1 ванилин шеќер
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата. Потоа додадете масло, шеќер и ванилин шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи додадете јогурт, сок од портокал и ореви. Кога ќе добиете хомогена маса, постепено додавајте брашно и прашок за пециво. Мешајте додека се не се соедини. Потоа истурете ја смесата во подмачкана тава и печете додека не порумени. Можете да ја декорирате тортата со шлаг, шеќер во прав, чоколадо, итн.
Comments