
Кога на овој начин подготвувате мафини, ќе добиете воздушесто и меко тесто, а најдоброто од се е што не ви треба ни рерна!
Нивната клучна состојка е млекото, целосно ќе бидат бели, а се готват на пареа.
Состојки:
1 јајце 110 гр брашно за колачи 85 гр млеко 70 гр шеќер 1 лажичка екстракт од ванила 10 гр несолен путер прстофат сол малку прашок за пециво
Подготовка:
Измешајте ги јајцето, ванилата и солта и кратко промешајте. Додадете шеќер и изматете додека не стане пенеста смесата. Просејте го брашното со прашокот за пециво, па додадете го во смесата. Додадете половина млеко и изматете со жица за матење.
Додадете го преостанатото млеко и стопениот путер.
Во алуминиумски калапи ставете хартиени калапи за мафини. Смесата сипете ја речиси до врвот, па гответе на пареа.
Commentaires