Југословенска торта
- rubinirubin
- Jun 21, 2020
- 1 min read

Состојки:
За кората
4 јајца 100 грама шеќер 200 грама брашно 100 милилитри масло 100 милилитри вода прашок за печиво
За филот 1 литар вода 1 килограм јаболка 2 ќесички пудинг од ванила 100 грама шеќер
За украсување 500 милилитри слатка павлака или шлаг
Подготовка: Изматете белки и шеќер во цврст снег. Измешајте ги издвоените жолчки со масло, вода, брашно и прашок за печиво.
Измешајте ги двете смеси со лажица.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја кората околу 20 минути.
Во 900 милилитри вода додајте шеќер и оставете ја да зоврие, па додајте ги ситно сечканите јаболка и загревајте дваесетина минути.
Измешајте го остатокот од водата со 2 пудинга и додајте ја во водата со јаболката, па продолжете да загревате околу 3 минути и врелата смеса истурете ја врз корите.
Кога ќе се излади тортата, изматете слатка павлака и шлаг и премачкајте го. Оставете ја да отстои пред да ја послужите.




Comments