top of page

Што му прави сокот од калинка на вашиот организам? Ќе се изненадите колку е моќен

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат експертите.


Оваа вкусна напивка е вистински концентрат од витамин Ц, богата е со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси.

Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и портокалот) без додаток на шеќер, да се испие веднаш по цедењето или во текот на денот.

Поради можни интеракции со лекови, оваа напивка не се препорачува за пациенти кои боледуваат од дијабетес како и за оние кои во терапијата користат антидепресиви и други лекови.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page