top of page

Што да спремите за вечера? ТЕСТЕНИНИ СО 4 СИРЕЊА, вкусно и брзо!


Има денови и вечери кога не сакате да поминувате многу време во кујна, затоа ви предлагаме брз и лесен рецепт, тестенини со четири вида сирење…

Состојки:

пакување тестенини по избор 220 мл павлака за готвење 50 гр гауда 50 гр Ементалер 50 гр горгонзола 50 гр моцарела сол, бибер, зачини по избор

Начин на подготовка:

Згответе шпагети или други тестенини по ваш избор во солена, врела вода според упатствата на пакувањето. Истурете ја киселата павлака во тава со нелеплива основа, загрејте ја на умерена температура и додадете ги гаудата, ементалерот, горгонзолата и моцарелата. Мешајте додека не се растопат сирењата. Сосот е подготвен кога киселата павлака малку ќе се згусне. Потоа додадете ги тестенините со малку вода во кои се сварени и добро измешајте. Послужете топло.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page