
На летото му се ближи крајот, што значи дека е време за приготвување зимница.
Во зима имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамините и минералите тој период ни се попотребни одошто налето. Најдобриот начин да ги сочувате секако дека е приготвувањето зимница. Ви предлагаме рецепт за шарена зимница, салата што е убава на око, но и многу вкусна.
Состојки: 1 кг краставички 1 кг моркови 1/2 кг зелен домат 1/2 кг зелени пиперки 1 кг карфиол 1 кг зелка За преливот:
750 мл алкохолен оцет 250 г шеќер 150 г сол 250 мл вода 1/2 литар масло 1 кесичка бибер во зрно
Приготвување: Целиот зеленчук измијте го и исечете го на кругови, а зелката на тенки резанки. Морковот бланширајте го малку (околу 5 мин.), оладете го, па и него исечете го на кругови.
Во тенџере ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и варете на тивок оган до вриење. Кога ќе зоврие, со течноста прелејте го зеленчукот што сте го наредиле во тегли.
Comments