top of page

Чудо без печење кое се топи во устата: Бела торта со портокал која е готова за 10 минути


Доколку сакате кремасти слатки кои брзо се прават и ги јадете уште побрзо, имаме одличен предлог за вас… Комбинацијата од фил од павлака со портокали и бисквити е освежителна, лесна, а за оние кои ја прават посебно олеснување е дека е готов за речиси десет минути.

За љубителите на портокали и кремасти филови – совршено!

Состојки:

200 гр бисквит250 гр портокали300 мл сок од портокал100 гр шеќер100 ml вода40 гр скроб

Фил:

300 гр кисела павлака100 гр шеќер во прав100 мл слатка павлака

Подготовка:

Најпрво бисквитите потопете ги во сокот, па наредете ги во плех или сад.

Изматете ја павлаката и шеќерот, па додадете ја слатката павлака. Промешајте со миксер и соединете. Прелијте со бисквитот.

Исечкајте ги портокалите и варете ги со шеќер. Кога ќе ја испуштат водата, додадете ја водата измешана со скробот и варете додека не се згусне. Мешајте постојано.

Филот прелијте го со лажица, а потоа со чепкалка или рачка за лажица распоредете го врз филот за да направите шара.

Оставете да се излади два часа во фрижидер.


 

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page