
Нездравата исхрана го уништува нашиот дигестивен тракт, а стресот, загадувањето, лековите, разните адитиви и секако неквалитетната храна оставаат последици врз црниот дроб.
Оваа крем супа без месо може да се јаде со секој оброк, дури и наутро, но обично е популарна за ручек, а добрата вест е што можете да ја замрзнете и одмрзнете кога сакате да му дадете на телото витаминска бомба.
Состојки:
3 чаши вода1 главица кромид2 чешниња лук1 лажица маслиново масло1 стебленце целер1 лажичка рендан корен од ѓумбир3 чаши ситно сечкана брокулаполовина ситно сечкан целер1 лажичка солпрстофат мелен бибер
Подготовка:
Истурете го маслото во тенџере и загрејте го на средна топлина. Потоа додадете ситно сечкан црн кромид и изрендан ѓумбир, па динстајте додека кромидот да стане стаклен.
Потоа додадете ситно сечкан лук, ситно исечкано стебленце целер, сечкана брокула, анасон и само малку сол. Оставете да се крчка уште 2-3 минути, а потоа додадете вода и сол и бибер.
Откако ќе зоврие, ставете го капакот, намалете на тивок оган и оставете да се вари уште 20 минути.
После тоа, изладете и истурете во блендер, па добро сомелете додека не стане кремаста супа.
コメント