ЧИЗКЕЈК СО ЛЕШНИЦИ: Прсти да излижеш!
- rubinirubin
- Feb 14, 2022
- 1 min read

Ако сакате чизкејк, тогаш ќе го обожавате и овој со лешници.
Состојки:
250 мл шлаг 180 г чоколаден крем 220 гр маскарпоне сирење три лажици стопен путер 250 гр бисквити со чоколадо 100 гр чоколадо 100 гр лешници
Начин на подготовка:
Бисквитот измелете го, измешајте го со растопен путер и наредете го на дното од тркалезна форма за торта. Измешајте сирење и чоколаден крем, и кога ќе добиете униформа смеса, додадете шлаг.
Истурете го филот врз бисквитната кора, израмнете, покријте со фолија и ставете го во фрижидер најмалку два часа.
Растопете го чоколадото, па додајте ги лешниците.
Истурете ја оваа смеса врз чизкејкот и оставете да се излади уште малку. Послужете со кафе.
Comments