top of page

Четири типа на мажи кои никогаш нема да се сменат

  • rubinirubin
  • Jan 30, 2020
  • 2 min read



Обично се вели дека жените сакаат да ги сменат мажите, а мажите очекуваат дека жената никогаш нема да се смени. Реалноста е всушност дека сите се менуваме и се прилагодуваме на средината и условите, особено во врските, ако сакаме нештата да функционираат. Овие четири типа на мажи никогаш нема да отстапат од нивните навики и речиси никогаш нема да направат промена, барем не на овие најизразени карактеристики. Не се ни обидувајте да ги промените, само ќе изгубите време и нерви. Или прифатете ги со сите нивни маани и доблести. Нарцис Постојано зборува за себе, премногу води грижа за својот изглед и се стреми кон тоа да изгради само површни нешта, за изглед, а не за углед. Не сака обврски бидејќи е премногу опседнат со себе. Знае да биде премногу критичен за физичкиот изглед на другите и да ѝ префрла на партнерката за тоа како изгледа. Петар Пан Некои мажи не се ни обидуваат да прикријат колку се детинести. Сепак животните фази поминуваат и кога-тогаш треба да се биде сериозен и одговорен. Но, тоа не го очекувајте од овие мажи. Тие го имаат комплексот Петар Пан – никогаш нема да созреат, ни да преземат одговорност. Колку и да е добро да го задржиме детето во себе, кај овие мажи детето само е во тело на возрасен маж. Нема да семени. Вечен тинејџер На овие мажи паметот им е само во секс. Нивното мото е „земи колку што можеш“, па помислата да бидат само со една личност ги ужаснува. За него квантитетот е пред квалитетот. Можеби е разбирливо во тинејџерските години да се биде љубопитен за сексот бидејќи тогаш се открива тоа поглавје од животот, но од возрасниот маж се очекува ниво на зрелост кога е во прашање сексот. Може да се смири на одреден период, но тоа нема да трае долго. Воркохолик Целото време го поминува на работа, а често ја носи и работата дома. Мисли и зборува само за работата и за заработување пари. Речиси и нема време да мисли на врска, а и ако успее да стапи во врска или брак, за кратко време се враќа на неговата најголема љубов – работата.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page