
Постојат различни варијанти на Цезар салата и веројатно веќе ја имате вашата омилена
Сепак, обидете се да додадете каперси на Цезар и нема да се покаете. Ова е една од најубавите верзии на популарниот специјалитет на планетата.
Состојки:
130 гр чадена сланина200 гр бело пилешко месо30 гр пармезан3 чешниња лук2 парчиња тост лебпоголема главица зелена салата Ајсбергкапарсок од 1 лимонКисела павлакамајонезсенфмаслиново маслобиберсол
Подготовка:
Испржете ја исечканата сланина без додавање маснотии. Извадете ја и ставете ја на хартиена крпа за да се впие маснотијата. Пилешкото пропржете го на тефлон и кога ќе се олади исечете го на долги ленти. Лебот исечкајте го на коцки. Се меша со сечканиот лук и се пржи во маснотијата што ја оставила сланината. Извадете го и ставете го на салфетка.
Изматете го маслиновото масло со сокот од лимон, една лажичка сенф, мајонезот, биберот и лукот. Посолете малку. Добиениот дресинг прелијте го преку Ајсберг салатата. Над салатата наредете пилешко, сланина, крутони (тост леб), каперси, крупно рендан пармезан.
Comments