top of page

Француско пржено лепче: Вакво досега не сте го правеле!

Сигурни сме дека овој рецепт ќе ве воодушеви.

Состојки:

12 парчиња стар леб6 листови сирење6 листови шунка3 црвени пиперки или домати4 јајца50 мл млекополовина лажичка сол

Подготовка:

Исечете го лебот на тенки парчиња. Одделете две кришки леб, помеѓу нив ставете лист шунка и сирење. Можете да додадете сецкан печен или свеж црвен пипер или домат по вкус.

Јајцата се матат и се додава млекото.

Помеѓу две кришки леб ставете лист шунка и сирење.

Јајцата се матат со сол, па се додава млекото и се соединува. Загрејте го маслото да крчка.

Потопете ја едната страна од лебот во подготвената смеса, а потоа другата и потопете ја во врело масло.

Печете ја едната страна додека не порумени, па кога ќе ја завртите притиснете ја со вилушка за да се залепат кришките добро.

Готовите тостови извадете ги на салфетка за да се впие вишокот маснотии, па послужете ги топли.


 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page