top of page

Фини, сочни и екстра чоколадни: Рецепт за бразилски топчиња од 4 состојки


Овие бразилски чоколадни топчиња се прекрасни доколку сакате да вкусите нешто навистина благо, а истото да го направите брзо.

Brigadeiros топчињата се роденденски хит во Бразил. Станува збор за слатки топчиња кои што се подготвуваат со кондензирано млеко и какао во прав. Смесата потоа се обликува во вид на топчиња и се валка во чоколадни трошки.

Кондензираното млеко може да го направите и сами, а доколку сакате десертот да биде поблаг тогаш наместо горко какао во прав, може да искористите и засладен напиток од истото.

Смесата за овој десерт може да се направи и во микробранова печка. Доволно е да ги помешате сите состојки, па да ги загреете, неколку пати со пауза додека смесата не се соедини.

Состојки:

– 1 лажица путер; – 395 грама слатко кондензирано млеко; – 30 грама какао во прав; – 160 грама чоколадни трошки.

Подготовка:

1. Помешајте ги сите состојки, па на тивок оган мешајте додека не се соединат. Ќе знаете дека смесата е готова кога мешајќи во тенџерчето нема да го видите неговото дно.

2. Ставете ја смесата во сад, па во фрижидер за да се излади (околу 1 час). Откако ќе се излади, обликувајте топчиња и секое од нив поединечно извалкајте го во чоколадните трошки.



 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page