Фина крем супа од пиперка која ќе ги разбуди вашите сетила!
- rubinirubin
- Feb 5, 2022
- 1 min read

Секој сака густи кремасти супи, а супата од црвена пиперка изненадувачки оживува кога на неа се додаваат кисела павлака и чили. Ако сте подготвени за некои нови вкусови, пробајте го овој рецепт.
Состојки:
10 црвени пиперки, печени и излупени чаша сок од домати мала главица кромид 2-3 чешниња лук моркови 2 средни компири сол, бибер коријандер морско оревче лута пиперка во прав или чили во прав
За декорација:
кисела павлака сирење магдонос
Подготовка:
Кромидот и лукот и морковот ситно исечкајте ги и пржете ги на малку масло. Пиперките грубо исечкајте ги, како и излупениот компир и додадете ги во пржениот зеленчук. Додадете сок од домати и 2 чаши топла вода. Доколку е потребно, додадете повеќе вода или заменете ја со супа од зеленчук. Кога компирот ќе се свари, зачинете ја супата, изгмечете ја и послужете со малку сирење, грубо исечкан магдонос и лажица кисела или неутрална павлака за готвење.
コメント