top of page

ФАНТАСТИЧНА ИДЕЈА ЗА РУЧЕК Кремасто рижото, вистинска хармонија на вкус!

Италијанците би ви позавиделе за ваквиот оброк

СОСТОЈКИ:

600 мл пилешка супа15 нишки шафран4 лажици путер2 лажици маслиново масло2 чаши оризполовина чаша бело вино1 кромид50 гр пармезан

Подготовка:

Додадете шафран во половина чаша топла супа и оставете го на страна. Остатокот од супата чувајте го топол на ниска температура.

Во длабока тава пропржете го кромидот во две лажици путер и маслиново масло додека не порумени.

Додадете ориз во тавата и сè добро измешајте, а потоа истурете го виното и варете додека не испари целата течност. Додадете ја супата со шафран и варете околу две минути со постојано мешање.

Постепено додадете го остатокот од супата и варете додека оризот не омекне, но внимавајте да не се превари, околу 15 минути.

Тргнете ја тавата од оган, па додајте ги преостанатите две лажици путер и пармезан и послужете додека е уште топло.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page