УЖАС: Дете се борело за живот откако беше нападнато од лав, виновен е нејзиниот татко
- rubinirubin
- May 17, 2020
- 1 min read

Четиригодишно девојче завршило во кома по бруталниот напад на лавица во Јужноафриканската Република.
Дина Мариде Бер со своето семејство ја посетила фармата за лавови „Велтевреде“, а нападот се случил додека таа била во рацете на татко ѝ.
Се претпоставува дека токму таткото е одговорен за нападот, бидејќи со девојчето во раце одел преблизу до кафезот. Лавицата го искористила моментот на невнимание, замавнала со шепата низ дупката на кафезот и моментално го скалпирала несреќното девојче.
-Таткото се извлекол со полесни повреди, но на малата Дина лавицата ѝ го откорнала скалпот и ѝ го пробила черепот, пишува Индепендент.
По инцидентот девојчето е пренесено во болница во градот Албертон, каде што лекарите ја ставиле во индуцирана кома.




Comments