top of page

Традиционалната Оливие салата во декоративен облик на снешко!

  • rubinirubin
  • Sep 12, 2022
  • 1 min read

Освен што ќе ве воодушеви со својот вкус, можете и да го украсите за да личи на Снешко Белчо! Нема сомнеж дека овој аранжман ќе им се допадне и на децата и на возрасните.

Изненадете го вашето семејство и пријателите со ова класично мезе.

Состојки:

2 компири 2 моркови 120 гр замрзнат грашок 3 варени јајца 300 гр мајонез лажица масло сол декорација: пиперки, моркови, маслинки, копар

Подготовка:

Компирите и морковите ситно исечкајте ги. Гответе ги со грашок на пареа.

Додадете сол по вкус и масло. Додадете ситно сечкани јајца и мајонез, па соединете.

Салатата сипете ја во два тркалезни чинии, помали и поголеми. Свртете ги на чинија, една под друга, како да се формираат главата и телото на Снешко.

Декорирајте како на сликата: од пиперката направете капа и шал со две реси, како и уста, од маслинки направете очи и копчиња, а од парчиња морков нос. Додадете гранче зачин.

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page