
Рецепт од северот на Италија кој ќе ги воодушеви пред се љубителите на тестенини, но и останатите љубители на сирење и јаткасти плодови. Послужете ги тестенините со светло розе и тивка амбиентална музика и… уживајте!
Состојки:
400 гр тестенини по избор
главица кромид
две лажици маслиново масло
чешне лук
шолја мелена горгонзола
две лажици балсамико оцет
шака ореви
сол, бибер
Подготовка:
Сварете ги тестенините во посолена, зовриена вода, според упатството на пакувањето. Во меѓувреме во голема тава загрејте го маслото на умерен оган и пропржете го ситно сечканиот кромид, 15-20 минути со постојано мешање. Додадете го изгмечениот лук и пржете уште две минути. Тргнете од оган, додадете ги исцедените тестенини, горгонзолата, балсамикото и сечканите ореви, се убаво измешајте, па сервирајте.
Comments