top of page

Телешки шницли во бело вино- нашата идеја за денешниот ручек



Телешки шницли во бело вино Нашата идеја за денешниот ручек … Потребно е: 500 г телешки шницли 1 главица кромид, ситно исецкан 3 чешниња лук, ситно исецкани 1 лажица сенф 200 мл бело вино сол, бибер малку вода масло Потребно е: – Сите шницли истенчете ги со дрвен чук, намачкајте ги со малку сенф, посолете, наросете со бибер и оставете ги во фрижидер да се маринираат. – Сецканиот кромид пропржете го на врело масло. Додадете го и сецканиот лук и него малку пропржете го колку да пушти мирис. – На динстаниот кромид и лук ставете ги шницлите и продолжете со динстањето додека не фатат боја од сите страни. – Сипете го виното и малку вода и поклопете ја тавата. Оставете да се динста на средна температура додека не се згусне сосот. – Овие вкусни телешки шницли послужете ги со варен ориз или пире од компири.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page