ТАЈНАТА НА НАЈДОБРИТЕ ПОХОВАНИ ШНИЦЛИ! Крцкави од надвор, а од внатре меки како душа!
- rubinirubin
- Jan 26, 2022
- 1 min read

Пржени пилешки шницли со фантастичен вкус, крцкави однадвор, меки одвнатре како душа.
СОСТОЈКИ:
пилешки стек 3-4 јајца 4 лажици бело брашно 3 лажици рендан кашкавал 4-5 лажици презла 3 лажици соја снегулки 1 ќесичка кубети со вкус на пилешко лажичка мелен црвен пипер сол, бибер масло
ПОДГОТОВКА:
Стековите исечете ги на тенки парчиња, па расечете ги уште малку со нож и посолете. Изматете ги јајцата. Истурете бело брашно, кашкавал, презла, соја снегулки, изронети кубети (изронете ги со сукало), мелена папрака во сад и сѐ добро измешајте. Ако сакате, додадете бибер. Извалкајте го секој стек во смесата, потоа во јајцата, потоа во смесата, уште еднаш во јајцата и смесата и наредете ги во плех. Пржете во длабоко масло 2-3 минути од секоја страна и извадете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии.
Comments