top of page

Табуле салата (либанска салата)




Традиционална либанска салата. Освежителна и многу здрава посебно поради количината на магдонос во неа.

Потребно е: 1 чаша кус-кус (издробена пченица) 1 китка магдонос 1 домат 1 свежа краставица 1 лимон маслиново масло сол

Подготовка: – Кус-кусот потопете го во млака вода за да омекне. Додадете му половина исцеден лимон и оставете да стои еден час. За тоа време кус-кусот ќе ја впие течноста и ќе набабри.

– Измијте го магдоносот и многу ситно исецкајте го.

– Исто така многу ситно исецкајте ги краставицата и доматот.

– Измешајте го сецканиот зеленчук со кус-кусот. Ако остане малку од течноста, исцедете ја.

– Пред да ја послужите салатата посипете ја со сок од половина лимон и маслиново масло.

Послужување: Во некои рецепти може да се најде и ситно сецкана главица црвен кромид.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page