top of page

Супер брзи КИФЛИЧКИ СО ЏЕМ што мора да ги пробате

  • rubinirubin
  • Mar 1, 2022
  • 1 min read

ree

Ви претставуваме рецепт за највкусните старински кифлички кои ќе бидат уште повкусни доколку ги направите со домашен џем од сливи

Се прават брзо, воздушести се и најмалите ги обожаваат

Состојки:

700 грама остро брашно

250 милилитри масло

250 милилитри јогурт

1 кесичка прашок за пециво

џем од сливи

200 грама шеќер во прав

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги јогуртот и маслото, а потоа постепено додавајте брашно помешано со прашок за пециво. Замесете со додавање брашно по потреба, потоа развлечете го тестото со сукало и исечете го на триаголници

Ставете џем по вкус на секој триаголник, потоа замотајте во кифлички и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете околу 20 до 30 минути. Откако ќе се изладат, посипете со шеќер во прав.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page