Старински крофни со лимон: Рецепт од нашите баби кој им успева на сите!
- rubinirubin
- Sep 16, 2022
- 1 min read

Состојки:
250 гр млеко 20 гр квасец 1 жолчка од јајце лажица маснотии 2 лажици шеќер половина лажичка сол кора од лимон околу 500 гр брашно масло за пржење
Екстра:
шеќер во прав за крофни
Подготовка:
Потопете го квасецот во млекото да нарасне.
Маснотиите изматете ги со шеќерот, жолчката, па кората од лимон се ренда, се додава сол и млекото и на крај се додава брашното и квасецот кој останал. Направете мазно тесто и оставете под крпа да нарасне околу 40 минути.
Кога тестото ќе нарасне, површината се набрашува и се добива кора со дебелина од околу 7-8 мм. Исечете ги крофните со калап или чаша и наредете ги една до друга и оставете ги да отстојат 15 минути.
Во длабока тава загрејте го маслото, но не премногу за да не изгорат крофните. Кога ќе се загрее маслото, спуштете ги крофните и покријте ги, а кога ќе ги превртите оставете го тенџерето без капак. Готовите крофни свиткајте ги во шеќер, а можете да ги наполните и со филот по избор.
Komentáře