top of page

Спречуваат срцеви болести, дијабетес и потешкотии со варењето

  • rubinirubin
  • Mar 8, 2022
  • 1 min read

Јаткастите плодови се едни од главните хранливи материи кои ќе донесат повеќекратни придобивки за вашето тело, а органските бадеми се полни со витамини, минерали, магнезиум, витамин Е, калиум, незаситени масти и протеини.

Од сите јаткасти плодови, бадемите содржат најголема количина рибофлавин (витамин Б2) и ниацин (витамин Б3).

Грст бадеми секој ден можат ефикасно да се борат против Алцхајмерова болест, дијабетес, холестерол, кардиоваскуларни заболувања, губење на косата и варење.

По напорниот ден, овие моќни плодови ќе ви помогнат да ја одржите концентрацијата, енергијата, расположението, па затоа треба да не ги прескокнете, а најдобриот избор се суровите бадеми.

Тие содржат манган кој помага во производството на колаген, протеини одговорни за тонот на кожата, како и витамин Е, антиоксиданс кој помага во борбата против првите знаци на стареење.

Comentarios


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page